Кровни прозори VELUX - Данска

VELUX – лидер на пазарот за кровни прозори!

Со кровните прозори VELUX внесувате здравје и удобност во просторот: природна светлина (двојно поголема светлина од вертикален прозор со исти димензии) ,свеж воздух, пријатна температура.

  • Современ дизајн со можност за избор на висина за вградување
  • Прозорот е дрвен изработен од цврст нордиски бор или бел полиуретан со дрвено јадро.
  • Од надворешна страна обложен со алуминиум.
  • Стакло калено, отпорно на кршење.
  • Отварање рачно или со далечински управувач (Integra).
  • Вентилациски систем кој овозможува проветрување и кога прозорот е затворен
  • 10 години гаранција.
  • ​Голем избор на надворешни и внатрешни ролени за врвна удобност во вашето поткровје
 
Погледнете го каталогот на VELUX кровни прозори
VELUX Каталог

Димензии на кровни прозори VELUX

Модел на прозорCK02CK04FK06MK04MK06
Димензии на прозорот во см55х7855х9866х11878х9878х118
Површина на стакло во м20,220,290,470,470,59
Површина на просторијата во м22,202,904,704,705,90

Кровни прозори GZL 1050 – рачка во горниот дел

VELUX  кроовните прозори со горно управување се вградуваат пониско во кровот со што добивате прекрасен поглед кога седите или стоите. Прозорот е лесен за управување дури и кога мебелот е под него.
  • Интегрирана вентилација
  • Филтер за прашина и инсекти
Едно повлекување на рачката вентилацискиот преклоп ќе овозможи во вашиот дом да влезе свеж, филтриран воздух  и кога прозорот е затворен. Без страв од прашина и инсекти.

Термо и хидроизолациски сет BDX

BDX изолациски сет за најдобра термо и хидроизолација на кровните прозори и гаранција од 10 години на вашите VELUX кровни  прозори.

VELUX Cabrio

Вашиот кровен прозор го претвора во балкон со што во вашето поткровје се создава нова димензија.
  • Вгрaдување е возможно на кров со нагиб од 35до 530.
  • Сигурносно ламелирано стакло
  • Димензии:  94х252 см  и  114х252 см.
  • Можност за вградување на производи за заштита од сонце и топлина.

Внатрешни ролетни

VELUX внатрешните ролетни се единствен и атрактивен начин за да ја намалите и дозирате према своите потреби дневната светлина и да обезбедите приватност во вашиот дом.

Надворешни ролетни

Идеални за сите климатски услови и годишни времиња, надворешните VELUX ролетни спречуваат прегревање во лето до 97%, ја одржуваат топлината во зима и овозможуваат потполно замрачување на вашиот дом. Исто така ја намалуваат буката од дожд и град и овозможуваат дополнителна сигурност на вашиот дом.

Надворешни тенди

Идеален производ за заштита од топлина, кои ја намалуваат топлината во просторијата до 73%. Тендата е во вид на мрежа која пропушта светлина, но спречува загревање на стаклото од прозорот со што ја одржува оптимална температурата во просторијата во сончевите денови.

Комарник

Со VELUX комарниците го задржувате погледот и свежиот воздух, а инсектите остануваат надвор. Совршено се вклопува со VELUX кровниот прозор.

Integra - Кровен прозор со далечинско управување и сензор за дожд

За места кои се тешко достапни за рачно управување, идеални се Integra кровните прозори со далечинско управување и сензор за дожд. Системот за контролирано управување ќе се погрижи за сигурност и здрава клима во вашето потковје.

Јавете се

 бесплатна консултација со нашите стручни соработници
околу изборот на димензија и дополнителна опрема