ПроМонт Ентер е фирма со долгогодишно искуство во областа на дрвната индустрија. Ние сме вашиот сигурен партнер за енергетски ефикасни прозори и врати. Во нашиот асортиман се наоѓаат производи со висок квалитет и пристапни цени.
Фирмата ПроМонт Ентер е овластен продавач на VELUX производи за Македонија, кој е глобален лидер на пазарот за кровни прозори. Можност за нарачка на било кој производ од асортиманот на VELUX кровни прозори со рачно управување, со далечинско управување, внатрешни и надворешни ролетни, комарници, венецијан ролетни, кровни прозори за равен кров, кровна тераса. Јавете се за бесплатна консултација со нашите стручни соработници и доаѓање на ваш објект за да го одберете идеалниот модел и димензија на кровните прозори и дополнителната опрема. Стручна монтажа на кровните прозори од сертифициран монтер и гаранција на монтажата 1 година.
Застапници сме на SUPPORTA од Србија која е производител исклучиво на собни врати. Асортиманот на брендот SUPPORTA е составен од повеќе модели на собни врати со избор на различни бои. Нашиот стручен тим ви е на располагање за да ги разрешите сите дилеми околу техничката изведба и димензиите на собни врати кои се потребни за вашиот објект. Располагаме со стручни и високо професионални монтери за правилна монтажа на собните врати со што добивате гаранција од 2 години.
Во нашиот изложбен салон може де се информирате за техничките карактеристики, да добиете стручни совети и други инфирмации кои ќе ви помогнат да ги изберете вистинските производи кои одговараат на вашите потреби.
Посетете го нашиот изложбен салон и уверете се во квалитетот на нашите производи.
Наша цел е задоволен купувач.
Стандарди со највисок квалитет, флексибилност и одлична услуга се наши приоритети.
Го очекуваме вашиот повик и вашата посета на нашиот изложбен салон.
Многубројните задоволни купувачи, кои го препознаа квалитетот на нашите услуги и производи, се гаранција за успешност на фирмата ПроМонт Ентер. Брзата и квалитетна услуга е гаранција за квалитетна соработка.